Правила и услови за користење

Ljupčac

Услови за користење

Веб-страницата www.podravka.hr (во натамошниот текст веб-локација) ја отвори и ја
уредува Подравка ДООЕЛ (во натамошниот текст Подравка или ние).
При вашата прва употреба на веб-страницата значи дека сте целосно запознаени со овие
Услови, дека ви се јасни и дека ги прифаќате. Ако не се согласувате со нив, ве молиме да
не пристапувате на страницата и да не ја користите нејзината содржина. Ако имате било
какви прашања или проблеми во врска со Условите за користење, контактирајте со нашата
редакција на info@podravka.com.mk
Го задржуваме правото да го промениме изгледот и содржината на сајтот и Условите на
користење, затоа ве молиме истите повремено да ги проучите се со цел да се запознаете
со можните промени. Ќе сметаме дека вашата последователна употреба на веб-страницата
претставува ваше прифаќање на сите евентуални измени.
Предметните услови се однесуваат на неколку сегменти:
Услови на употреба.
Авторско право и други права на интелектуална сопственост.
Гаранции и ускратување на права.
Колачиња.
Статистика.
Линкови
Промени и прекинување на важење

1. Услови на употреба

Дозволена употреба
Преземањето и печатењето на секој образец, како на пример за нарачка, итн., односно
прегледувањето на други материјали и содржини на оваа адреса можно е само за лична
употреба. Забрането е јавно прикажување, пренесување, објавување, модифицирање,
репродукција, дистрибуција, учество во трансфер или продажба, правење копии,
испраќање и каква било друга употреба на целата содржина на страницата или на еден
дел од неа, односно избирање и усогласување на нејзината содржина без изрично
писмено одобрение на Подравка ДООЕЛ. и другите носители на Авторски и други права на
интелектуална сопственост. Ако е издадено такво одобрение, не е допуштено да се брише
и менуваат постоечките податоци кои се однесуваат на авторско право и/или на трговскиот
знак или друго право на интелектуална сопственост.
Користење во комерцијални цели
Забрането е користење на страницата за трговија, продажба и други трговски цели освен
купување од Подравка ДООЕЛ .Секое објавување на реклама или собирање на понуди за
производи и услуги не е дозволено без писмено одобрение на Подравка. Забрането е
пренесување и објавување на непристојни, погрдни, вулгарни, заканувачки или
непристојни или на друг начин неприфатливи или незаконски содржини, како и оние
содржини со кои се кршат кое било од правата на која било страна и , особено содржина
што содржи вируси или друг штетен материјал. Корисниците ја преземаат одговорноста за
каква било штета што произлегува од нивните активности што не се во согласност со
горенаведеното, како и за кој било друг вид на штета што може да резултира. Подравка
ДООЕЛ го задржува правото (но не и обврската) да ги избрише, во целост или делумно,
материјалите и содржината што корисниците ја објавуваат на страницата.
Поднесување на содржина и материјали
Со доставување содржина и материјали (вклучувајќи, но не исклучиво, предлози, идеи,
цртежи, рецепти) на оваа адреса, вие автоматски издавате (или гарантирате дека
сопственикот на материјалот експлицитно дозволува) на Подравка ДООЕЛ неповратни,
постојани и ексклузивни права и лиценци за користење, адаптација и модификација,
инкорпорирање во други дела, превод, објавување, пренесување и дистрибуирање на
гореспоменатиот материјал низ целиот свет во кој било облик во досега познатите и
идните медиуми во било која цел и без надохнада. Условите од оваа точка важат и после
престанокот на важење на овие Правила.

2. Авторско право и други права на интелектуална сопственост

Содржината на страницата е заштитена со авторско право што и припаѓа на Подравка, д.д.
или и е отстапено на Подравка ДООЕЛ, и е во сопственост на трети страни. Подравка
ДООЕЛ исто така поседува и авторско право за уредување, избирање и координација на
содржината на страницата. Понатаму, на веб-страницата содржи заштитени трговски
марки, имиња на лица и други содржини од интелектуална сопственост на Подравка
ДООЕЛ или трети лица, а Подравка е носител на лиценцата. Не смеете да мислите дека
било која содржина на веб страницата е за употреба без ограничувања. Може да побарате
дозвола за умножување.
Слики и видео
Сите фотографии, слики, видеа, биографски податоци за лица и / или друг материјал кои
што се појавуваат на страницата се исклучиво во сопственост на Подравка ДООЕЛ.
Авторското право и другите права на интелектуална сопственост во сите материјали
содржани на страницата припаѓаат на Подравка ДООЕЛ. Сите права се задржани. Дозвола
им се дава на субјектите да ги користат овие материјали само за промотивни, уреднички и
информативни цели за објавување во весници, списанија и електронски медиуми.
Поинаква употреба на материјалот од веб страницата не смее да се користи. Исто така, не
е дозволено користење на кој било материјал од страницата во врска со продажба или
понуда за продажба на производи или услуги од кој било вид. Дефинираната дозвола и
начинот на употреба на страницата не смеат да бидат пренесени или доделени и сите
намерни обиди за трансфер ќе се сметаат се ништовни. Користејќи материјал од вебстраницата, медиумските корисници целосно се обврзуваат со ограничувањата кои тука се
утврдени како услови и барања.

3. Гаранции и ускратување на права

Подравка ДООЕЛ вложува разумни напори да објавува точни и ажурирани информации на
страницата, но не презема одговорност за точноста и комплетноста на информациите, ниту
пак дава право на приговор во овој случај. Покрај гаранциите за производи кои Подравка
ДООЕЛ изричито ги објавила, Подравка потенцира дека сите материјали и содржини на
страницата треба да бидат земени „такви какви што се“, а Подравка ДООЕЛ не одговара за
какви било последици што може да резултираат од различно толкување на материјалите
и содржината на страницата. Подравка ДООЕЛ не гарантира дека страницата секогаш ќе
биде достапна и на располагање и дека нема да содржи грешки или вируси. Секој корисник
изричито прифаќа користење на веб страницата на сопствен ризик.
Подравка ДООЕЛ не одговара за штетата или повредата (вклучително, но не исклучиво,
посебна или последователна штета) која што може да биде резултат на користење или
неможност за користење на кој било дел од веб-страницата, или на содржина која на неа
е објавена или додадена од страна на други корисници.
Медиумските субјекти и останатите корисници кои ја користат веб страницата експлицитно
се согласуваат да ја обештетат Подравка ДООЕЛ за било кои и за сите побарувања,
трошоци, штети или обврски кои што произлегуваат од несовесно користење на
материјалите на веб страницата од страна на ист корисник, вклучително и директна,
индиректна, инцидентна, посебна или последователна штета.
Понатаму, Подравка ДООЕЛ и добавувачите не преземаат никаква правна одговорност за
точноста, комплетноста или корисноста на информациите, уредите, производите или
практиките презентирани овде и не гарантираат дека употребата на информации, уреди,
производи или практики нема да се меша во приватните права.
Скратување на правото на рекламирање
Споменувањето на кој било конкретен производ, постапка или услуга која има трговско
име, трговска марка, производител или слично не значи нужно дека Подравка ДООЕЛ или
кој било од нејзините вработени и добавувачи го рекламира, препорачува или го
фаворизира.
Скратување на правата за надворешни врски
Појавување на надворешни хиперлинкови не значи дека Подравка ДООЕЛ, добавувачите
или спонзорите ги рекламираат ваквите надворешни веб страници, или информации,
производи или услуги кои што тие ги содржат. Подравка ДООЕЛ ниту, пак, некој од
неговите вработени, спонзори или добавувачи нема никаква контрола врз информациите
кои ги содржат таквите надворешни локации. Надворешните врски на веб страницата се
во согласност со политиката на Подравка ДООЕЛ, која не е одговорна за содржината на
која било поврзана страница која ја има добиено

4. Заштита на личните податоци, доверливост, колачиња (cookies)

Колачињата (т.н.cookies) се минијатурни датотеки, кои се складирани на вашиот компјутер
или мобилен уред кога ќе ја посетите веб страната. „Cookies“ овозможuваат на веб-сајтот
“да ги запамти” активностите или поставките на посетителите од претходните посети, за
следниот пат кога ќе ја посетите страницата да може да се применат автоматски. На овој
начин, веб страната веќе “знае” дека веќе сте биле тука, а во некои случаи го прилагодува
она што го гледате на екранот. Колачињата најчесто се користат за памтење на специфични
параметри на корисникот, за помош со внесување информации кои веќе се внесени во
текот на претходните посети, за да се соберат аналитички податоци или за промотивни
кампањи. www.podravka.hr користи т.н.. колачиња (cookies) – збир на податоци кои служат
како ваш анонимен индивидуален идентификатор, така што на веб-сајтот испраќа на
вашиот интернет пребарувач и се складирани на вашиот компјутер. „Cookies“се користат
да работат на сите функции на сајтот и за подобро корисничко искуство.
Колачињата може да се поделaт на привремени (session cookies) или постојани (persistent
cookies). Привремени колачиња привремено се складираат на вашиот компјутер и
автоматски се бришат по затворањето на прелистувачот. Тие се користат за да се добие
привремени податоци како што е статусот на вашата шопинг количка во вашиот онлајн
шоп.
Постојаните колачиња остануваат зачувани на вашиот компјутер дури и откако ќе го
затворите вашиот веб-прелистувач, но тие обично имаат рок на траење. Таквите колачиња
се користат за да се олесни пристапот за регистрирани корисници и да се складираат
информации како што се корисничко име и лозинка, што овозможува да се сеќава на
функционалноста при најавување, така што не треба да ги внесувате вашето корисничко
име и лозинка секој пат кога ќе ја посетите таа веб-страница. Постојаните колачиња можат
да останат складирани на вашиот компјутер со денови, месеци, па дури и години
Исто така, колачињата ги делиме на колачиња од прва и колачиња од трета страна.
Колачињата од прва страна доаѓаат од веб-страницата на која сте, додека колачињата од
трети страни доаѓаат преку реклами или преку надворешни услуги од други страници.
Информациите собрани за оваа намена вклучуваат IP адреса на корисникот, прелистувач,
јазик, информации за оперативниот систем и други стандардни статистички податоци кои
се собираат и се анализираат исклучиво на анонимен и масовен облик. Кoлачињата од
трети страни најчесто се користат од страна на мрежите за огласување за анализа на
однесувањето на корисниците на различните веб страници. Целта на анализата е
профилирање на корисниците според демографија, интереси и сл – што и најчесто се
користи во цел на огласување.
Но, како всушност функционираат колачињата?
Колачињата чуваат информации во форма на парови „клучеви“ и „вредности“ внатре во
текстуалните датотеки.
На пример, колачињата можат да го зачуваат јазикот на кој моментално ја пребарувате
страницата. Ако станува збор за хрватски јазик, записот најчесто ќе изгледа вака:
language=hr
Кога за прв пат ќе изберете јазик, веб-страницата ќе креира и зачувува колаче со
информации за избраниот јазик преку вашиот прелистувач. Потоа, при секоја
последователна посета, ако тоа колаче сè уште постои, страницата ќе го знае вашиот избор
и ќе ви ја покаже содржината на саканиот јазик.
При пристап до страницата, podravka.hr колачињата ги идентификуваат параметрите на
пребарувачот, но не и самите корисници. Накратко, целта на колачињата е добронамерна,
не прават штета и не пренесуваат вируси и обезбедуваат подобро корисничко искуство при
сурфање.
Ако не се согласувате со употребата на колачиња, можете лесно да ги избришете (или
спречите) истите на вашиот компјутер користејќи ги поставките на прелистувачот што ги
користите. Повеќе информации за управувањето со колачињата се достапни на страниците
на прелистувачот што го користите или на www.allaboutcookies.org
Бидејќи целта на колачињата е да го подобрат и максимизираат искуството на корисниците
за користење на нашата страница и неговите процеси во најголема мерка на нивната
функционалност, имајте во предвид дека спречувањето или бришењето на колачињата
може да ги оневозможи карактеристиките на страницата или да предизвика вашиот
прелистувач да изгледа и да функционира поинаку.

5. Статистика

На веб-страницата www.podravka.hr се користи со алатките на Google Analytics за
статистичко следење на активностите на корисниците. Активноста на корисникот се следи
за да се обезбеди правилно функционирање на веб-страницата и да се унапреди
страницата и да се подобри корисничкото искуство. Google Analytics не дозволува
идентификација на корисникот, иако обработува некои типови приватни информации како
што е IP адресата. Ова се постигнува со агрегирање на податоците и техниките за
анонимизација, како што се маскирање на IP адресата.
За да ви дадеме подобро корисничко искуство и ефикасно да ги испланираме идните
активности, ја користиме алатката Google Analytics Advertising Reporting Features, која
обезбедува увид во податоците за полот, возраста и интересите на корисниците. Овие
информации се засноваат на колачиња од трети страни, исто така се анонимни и не можат
да се користат за да се идентификуваат корисниците.
Детални информации за оваа услуга и колачињата што ги користи, како и можноста на
корисниците да го регулираат следењето на нивните активности, се достапни на
https://www.google.com/analytics/learn/privacy.html

6. Линкови

Ние правиме сè што е во наша моќ да се осигураме дека сите пренасочувања од нашите
веб-страници ве упатуваат вас и / или вашето дете кон веб-страници чија содржина е
квалитетна во смисла на тоа што не поттикнува негативност. Сепак, страниците и адресите
на Интернет се менуваат брзо, и не можеме секогаш да ја гарантираме содржината на
секоја адреса до која ве упатуваме.

7. Измени и престанување на условите на користење

Подравка ДООЕЛ го задржува правото да ги менува или прекине целиот или кој било дел
од оваа страница и условите за користење во секое време. Промените стапуваат на сила со
објавување на оваа адреса или кога корисниците се известени за нив. Условите за
користење се применуваат сè додека не се раскинат од ваша страна или од страна на
Подравка ДООЕЛ. Вашето прекинување, можно во секое време, значи прекинување на
користењето на веб-страницата и откажување на сите материјали и содржини кои се
симнати или користени од истата веб локација.
Ажурирано на 24.05.2018

Koja majica ti najbolje pristaje?

Izaberi motiv i veličinu majice koju želiš osvojiti

Majica
Majica
Majica
Majica

Pošalji svoj rezultat

Upišite svoje podatke kako biste se mogli natjecati i osvojiti nagrade

Ime i prezime su nužni

Email je nužan

Adresa je nužna

Kontakt telefon je nužan

Prihvaćam pravila nagradnog natječaja

Prihvaćanje pravila nagradnog natječaja je nužno

Došlo je do greške. Molimo pokušajte ponovno.

Podaci su uspješno poslani. Hvala ti na prijavi!

Prijava uspješna!

Tvoj rezultat je spremljen! Hvala ti na igranju.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња

Поставки